Најмалку 20 цивили загинаа денеска во напад на членовите на исламистичката група Боко Харам во северна Нигерија, соопшти портпаролот на војската.
– Вооружени напаѓачи, за кои веруваме дека се припадници на Боко Харам, убија повеќе од 20 недолжни цивили, рече портпаролот.
Други детали за нападот засега не се наведени.