Во Молдавија речиси 22.000 потрошувачи останаа без струја поради снежната бура

Од:

Во Молдавија околу 22.000 потрошувачи останаа без струја како последица на невремето што зафати делови од таа земја, соопшти денеска портпаролот на локалната власт Данијел Вода.

„Според информациите од компанијата RED-Nord, без струја останаа околу 11.490 потрошувачи од 40 населени места во областите Флорештина, Режен и Синжере. Во делот на одговорност на операторот „Премиер енерџи дистрибуција“, без струја останаа 10.500 потрошувачи од 26 населени места. Тоа се областите Орхејско, Теленешко, Криулен и Ниспорен“, напиша Вода на Телеграм.

Тој додаде дека благодарение на брзата реакција на итните служби, повеќе од 10.000 потрошувачи биле приклучени на електричната мрежа во првите неколку часа по несреќата.

Би можело да ве интересира

Гаспром ја прекинува испораката на гас за Молдавија: „Ќе останеме без струја и греење“

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски