Во Мексико за четири дена загинаа околу 40 луѓе во насилството меѓу наркокартелите

Од:

Приближно 40 луѓе загинаа во западниот дел на Мексико од почетокот на неделата во судирите меѓу криминалните групи, како и во престрелките меѓу војската и групите.

Најмалку 15 лица загинале во вчерашниот судир во близина на селото Пивамо, во сојузната држава Халиска.

Мексиканските власти во понеделникот ја потврдија смртта на 24 луѓе во државите Хелиско и Мичоакан.

Во вторникот во раните утрински часови во близина на Пивамо биле откриени обезглавени тела на пет лица, од кои четворица биле локални полицајци.

Картелот Рицари темплари, кој дејствува во државата Мичоакан води борба со групата Нова генерација од соседната држава Халиско, за контрола на илегалната трговија со дрогата.

Мексиканските медиуми објавија дека во во судирите меѓу криминалните групи во последните шест години загинале околу 60.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Екстремно жешко во Мексико, десетици мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Топлотен бран во Мексико: Мртви мајмуни паѓаат од дрвја

(ВИДЕО) Голема несреќа во Мексико: Силен ветер ја сруши бината на предизборен митинг, има мртви

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити