Во Мексико упасен едeн од најбараните бегалци од ФБИ

Од:

Еден од десетте најбарани бегалци од ФБИ, Волтер Ли Вилијамс, е уапсен во мексиканскиот летувалишен град Плаја дел Кармен, изјави денеска мексикански обвинител, цитиран од американските медиуми.

Според државниот обвинител, 64-годишниот Вилијамс е баран по обвинение за сексуално експлоатирање на деца и патување во странство со цел да се извршуваат сексуални напади врз деца.

Според обвинителот, Вилијамс бил фатен вчеравечер, додека пиел кафе во близина на парк што се наоѓал во овој град на карипскиот брег.

Сајтот на ФБИ покажува дека во април во Лос Анџелес била издадена наредба за неговото апсење.

Обвинителот изјави дека не знае колку време Вилијамс се наоѓал во Плаја дел Кармен.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви