Во Мексико уапсени 158 полицајци

Од:

Во северниот дел на Мексико уапсени се 158 полицајци поради наводна вмешаност во организиран криминал, кој во последните години го потресува ова подрачје.

Окружниот обвинител Сониа де ла Гарса Фрагосо изјави дека во градовите Лердо и Гомез Палцио во покраината Дуранго се приведени 158 полицајци во рамки на борбата против организираниот криминал. Тој истакна дека полицајците се донесени на испитување по драстичното зголемување на киднапирањата, грабежите и шверцот во овие два града во изминатите неколку недели.

До завршување на истрагата,за безбедноста на граѓаните во овие два мексикански града ќе се грижи војската и покраинската полиција.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви