Во Мексико растурена секта која вовела сексуално ропство

Од:

Мексиканските власти ја растуриле бизарната секта која наводно своите следбеници на границата со САД ги воведувала во сексуално ропство.

Сектата „Бранители на Христос“ наводно избирала жени за полови односи со шпански маж, кој тврдел дека е реинкарнација на Исус Христос, пренесоа американските медиуми.

Следбениците биле присилувани на принудна работа или на давање сексуални услуги, вклучувајќи и проституција, соопштија адвокатите на жртвите, кои навеле дека уште пред една година поднеле жалба за работата на сектата.

Сојузната полиција, агенти на мексиканскиот Национален институт за имиграција и обвинители претходно неделава претресле една куќа во близина на местото Нуево Ларедо, наспроти американскиот град Ларедо, на другата страна од границата, и пронашле членови на сектата, вклучувајќи и деца, кои живееле во нечистотија.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви