Во Мексико прва пациентка истовремено заразена со Ковид-19 и со грип

Од:

Жена на 54 годишна возраст е првата личност во Мексико која е заразена со ковид-19 и грип А (Х1Н1) истовремено, соопштија властите.

„Таа страда од автоимуни болести, рак и дебелина, заедно со хронично белодробно заболување“, рече на редовната прес-конференција Хозе Луис Аломиа, директор на епидемиолошката служба во Министерството за здравство.

Пациентката имала симптоми кон крајот на септември што довело до нејзино хоспитализирање. Лекарите велат дека нејзината состојба е стабилна.

Мексико е четврта земја најтешко погодена од пандемијата на Ковида-19, со досега 83.781 починати и околу 817.503 заразени, покажуваат најновите официјални податоци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ