Во Мексико откриена нова масовна гробница

Од:

Во мексиканскиот град Игуала, каде минатата недела во судири загинаа шест луѓе, а 43 студенти се водат како исчезнати, е пронајдена масовна гробница со засега неутврден број на тела, соопштија мексиканските власти.

Јавниот обвинител на сојузната држава Гереро, Ињаки Бланко изјави дека гробницата се наоѓа во предградие на Игуала, околу 200 километри јужно од Мексико Сити, но не потврди колку тела би можело да се наоѓаат во неа, ниту дали некое од нив е на исчезнатите студенти.

Според официјалните податоци, до крвопролевањето дошло минатиот викенд во Игуала кога полицајци отвориле оган врз автобус кој претходно бил одземен од студенти во протестот. Притоа загинале три лица, а 25 се повредени. Неколку часа подоцна неидентификувани напаѓачи на автопат отвориле оган врз две такси возила и автобус во кој се превезувала фудбалска екипа, при што загинале тројца луѓе.

По овие инциденти властите во Гереро соопштија дека по судирите меѓу студентите и полицијата 57 студенти се водат како исчезнати, а подоцна тој број е намален на 43.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви