Малезиската полиција привела маж, осомничен за врски со една од осомничените жени-убијци на Ким Џонг-нам, доведениот или полубратот на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.
Приведениот е државјанин на Малезија, соопшти „Ченел њуз Ејша“, цитиран од ДПА.
Според податоците на малезиските власти, тој е непосредно поврзан со една од двете жени, претходно уапсени за убиството.
Полицијата вчера информира дека привела жена со виетнамски документи и дека трага и по други странци.
Денеска е приведена и втората жена со индонезиски пасош, на име на Сити Ајшах. Таа била распозната од видео набљудувањето на аеродромот, каде беше убиен Ким Џонг-нам, а била сама во моментот на апсењето.
Се уште нема официјална верзија како точно жртвата била отруена. Според некои тврдења, Ким Џонг-нам се почувствувал лошо и од полицијата побарал помош, раскажувајќи дека некој човек го плиснал со течност по лицето. Според друга верзија, непозната жена до лицето му доближила некаква крпа, натопена со отров.
Јужнокорејските медиуми јавуваат дека нападот бил изведен со отровна игла, потсетува ТАСС.