Литванија е прва земја-членка на Европската унија која донесе одлука за забрана на продажба на енергетски пијалаци на малолетни лица.
– Забраната за продажба на енергетски пијалаци на лица помлади од 18 година стапува во сила во ноември, откако е усвоена во Парламентот, соопшти денеска Министерството за здравство.
Претставникот на Министерството за здравство, Алмантас Кранаускас наведе дека Литванија е прва земја-членка на ЕУ каде ќе биде забранета продажба на енергетски пијалаци на малолетни лица. Тој посочи оти во поголем број држави има препораки, но не и забрана за продажба.
Поддржувачите на забраната наведуваат дека големата концентрација на кофеин во некои енергетски пијалаци може да предизвика зависност и хиперактивност, а дел од научниците оценуваат дека може да ги поттикне младите луѓе да посегнат по дроги.
Критичарите истакнуваат дека забраната ќе им наштети на производителите на безалкохолни пијалаци во Литванија.