Снежна лавина усмртила седум индиски војници и четири цивили во регионот Кашмир, соопштуваат од индиската војска.
Оваа недела паднало многу снег во регионот Кашмир, а властите предупредувале за можност за лавини во изинатите два дена.
Заради тешкото невреме, неколку делови од регионот се без електрична енергија.
Седумте тела на војниците биле пронајдени и извлечени во вторникот и средата, додека четирите цивили од кои две деца, биле пронајдени во средата, откако лавината ја затрупала нивната куќа.
Нови лавини го погодиле регионот и денеска, но се уште нема информации за можни жртви.
Во 2012, голема лавина убила 140 луѓе во пакистанскиот дел од Кашмир.
Кашмир е високо милитаризиран регион кој го делат Индија и Пакистан и е извор на долгогодишна тензија помеѓу двете држави.