Во Лаос избрано новото партиско – државно раководство

Од:

Во Виентијан, главниот град на Лаос, денеска заврши Конгресот на Народната Револуционерна Партија на Лаос (ЛПРП ) на кој беше избрано ново раководство на партијата, кое ќе ја раководи и државата во следните пет години.

Досегашниот претседател, премиерот и двајца негови заменици се повлекоа од должноста, а нивните места, како и во 77 члениот Централен комитет ги зазедоа помлади кадри на партијата, најчесто синови и блиски роднини на досегашното раководство.

Нов Генерален секретар на Партијата ЛПРП е Боунтханг Ворахит, кој е најстар во сегашниот раководен состав, а по 10 годишно владеие се повлекува досегашниот шеф на Партијата Коунмали Сајсоне. Нови се и имињата на партиските функционери кои по автоматизам ќе ги преземат премиерската позиција и министерствата за надворешни работи и одбрана.

Конгресот во Виентијан се одржа без присуство на странски медиуми, а не е познато од кои држави биле поканети и дошле на редовниот петгодишен Конгрес на оваа марксистичко-ленинистички ориенирана партија, која раководи со Лаос од 1.975 година.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајна несреќа во Лаос загинаа 13 кинески туристи

Ана Ололовска

Најмалку 28 лица загинаа при уривање на брана во Лаос

Наум Локоски

Децата од руралните средини во Лаос најчесто осануваат без елементарно образование

Ана Ололовска

Лаос се обидува да се адаптира на климатските промени кои го загрозуваат производството на ориз

Ана Ололовска

Авион се урна во Лаос, загинаа сите 44 лица во него

Емир Латифовиќ