Децата од руралните средини во Лаос најчесто осануваат без елементарно образование

Од:

Лаос, една од најсиромашната држава во југоисточна Азија, официјално соопшти дека годинава околу 83 посто од децата се опфатени во процесот на основно образование.ТамошнотоМинистерство за образование овој податок го наведува како голем позитивен податок, Успехот се должел на поголема опфатеност на децата од руралните средини од каде што, во однос на претходната година, бројот на запишаните ученици се зголемил за над 50 посто, а на национално ниво, во една година, е регистриран пораст на бројот на запишани деца  во училиштата од 72 на 83 посто.

Според истражувања на неколку домашни и странски хуманитарни организации, основната причина за неодењето на младите жители на Лаос во училиште е нивната обврска да се грижат за помладите членови на семејствата, бидејки за да опстанат двајцата родители морале да работат за да обезбедат елементарни средства за живот.

Лаос, кој сега има 6,8 милиони жители, од 1.975 година е под еднопартиска комунистичка управа, со годишен бруто приход од 1.660 долари по жител е една од најсиромашните членки на АСЕАН. Државата располага со значајни рудни резерви и огромен енергетски потенцијал, бидејки лежина бреговите на моќната река Меконг, но поради големата корупција странските инвеститори одбегнуваат да вложуваат во нејзината економија.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајна несреќа во Лаос загинаа 13 кинески туристи

Ана Ололовска

Најмалку 28 лица загинаа при уривање на брана во Лаос

Наум Локоски

Во Лаос избрано новото партиско – државно раководство

Ана Ололовска

Лаос се обидува да се адаптира на климатските промени кои го загрозуваат производството на ориз

Ана Ололовска

Авион се урна во Лаос, загинаа сите 44 лица во него

Емир Латифовиќ