Во Квинсленд пронајдени две тела при чистење по поплавите

Од:

Австралиските власти извлекоа две машки тела од одводните води за време на чистењето по поплавите што ја погодија североисточната сојузна држава Квинсленд, соопшти полицијата.

Телата ги најдовме околу пладне и веќе се идентификувани, се наведува во соопштението, без да се прецизира за причините за смртта.

Неколкудневните силни дождови во градот Таунсвил, кој речиси целосно е под вода, предизвикаа загуба кај осигурувањето од околу 33 милиони долари.

„Како што се повлекува водата и како се поместуваме од фаза на реакција до фаза на заздравување, така ќе настапи голем шок за заедницата. Како луѓето ќе се враќаат во своите домови, така ќе ја проценат штетата. Постои и физичка загуба, но има и ментален шок“, изјави австралискиот премиер, Скот Морисон во Таунсвил.

Во текот на вчерашниот ден евакуирани се 1.100 луѓе, а на улиците се забележани крокодили и змии.

Хидрометеоролозите предвидуваат и натаму дожд во таа област, а се очекува да расте и нивото на водата во реката Рос.

Австралија е погодена од катастрофални поплави, по високите температури што ја зафатија во овој период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он