Во Кина за една година неутрализирана 181 терористичка група

Од:

Кина во понеделникот објави дека неутрализирала 181 терористичка група, откако пред една година ја покрена кампањата „Удри силно“ во Синџијанг-Ујгурската областа, каде што има значителна муслиманска заедница на Ујгурите, која стана жариште на постојани немири и терористички напади.

Според податоците на регионалните власти, за кои западните медиуми наведуваат дека не може да бидат проверени од независни извори, 96 отсто од наведените терористички групи се онеспособени пред да може да преземат некаква акција. Околу 120 осомничени лица се предале на полицијата, според податоците коишто ги пренесуваат интернет ресурсот Tianshan на властите во Синџијанг-Ујгирскиот регион, и државната новинска агенција Xinhua.

Кампањата „Удри силно“, којашто е остро критикувана од страна на западните организации за човекови права, е покрената веднаш по крвавиот напад од 22-ри мај 2014 година во Урумкви, главниот град на Синџијанг-Ујгирскиот регион. Тогаш две теренски возила се втурнаа на отворен градски пазар додека патниците во нив фрлаа експлозив и притоа загинаа 39 луѓе и четворицата напаѓачи, а повеќе од 90 се повредени. Претходно вакво напад, за кој се обвинети ујгурските мислимански сепаратисти се случи и во престолнината Пекинг, а следуваа и напади со мачети на железнички и автобуски станици во кои од минатата година според државните служби се убиени повеќе од 200 цивили и околу 350 напаѓачи и екстремисти, меѓу кои се и егзекутирани лица по судски процеси.

Кампањата „Удри силно“ е продолжена најмалку до 2015 година, а Западот ја критикува Кина дека ја претворила во „немилосрдна репресија“ со повеќе десетици смртни казни и погубувања, проследени со стотици апсења и судења по итна постапка.

Синџијанг-Ујгурскиот регион е безбедносни најнестабилната област во Кина. На нејзината територија на која живее автохтоното туркофоно население Ујгури кои станаа малцинство во однос на кинеската етничка група Хан, според кинеските власти, дејствува терористичката организација Источен Туркестан, којашто Пекинг ја сомничи за поврзаност со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Западните влади и организации за човекови права, пак, сметаат дека кинеските власти претеруваат и со тоа ја оправдуваат својата власт на „цврста рака“.

Во округот Шаче, или Јарканд на ујгурски јазик, во јули 2014 година избија жестоки судири пред крајот на муслиманскиот празник рамазан. Автономната област Ујгурија-Синџијанг последните години е потресувана од безредија со многу жртви, поради нетрпеливоста меѓу доминантниот народ Хан и Ујгурите, туркофони муслимани. Официјален Пекинг тврди дека станува збора за исламски фундаментализам и дека екстремните Ујгури се поврзани со талибаните и други исламистички движење, во Пакистан, поради што е отворен дијалог со владата во Исламабад.

Сепак, во текот на изминатите шест месеци во Кина се одиграа неколку големи напади, поради што властите во Синџијанг во мај 2014 годинава воведоа режим на антитерористичка операција која ќе биде на сила до јуни 2015 година.

Кина и претходно ги обвинуваше ујгурските сепаратисти и верските екстремисти за серија напади во покраината Синџијанг и тврди дека сакаат да формираат независна држава којашто ќе ја нарекуваат Источен Туркистан базирана на екстремните исламистички прописи. Ова тврдење не е далеку од вистината, бидејќи последните години повеќе ујгурски активисти ја потенцираат нивната етничка поврзаноста со турската популација. Организациите за човекови права, пак, сметаат дека Пекинг ги предимензионира овие закани. Некои групи за заштита на човековите права, пак, тврдат дека Кина претерува со овие обвинувања, за да ја оправда својата политика на цврста рака.

Немирите досега не беа проширени надвор од покраината Синџианг, иако се претпоставува дека од 1997 година радикалните Ујгури се одговорни за бомбашки напади во кои се убиени повеќе стотици лица во некои слични такви напади.

Ујгурите сочинуваа повеќе од 40 отсто од вкупно 21 милиони жители на овој регион. Повеќето од нив се населени во Кашгар и другите јужни делови на провинцијата и во последните години искажуваат незадоволство од нивниот статус во општеството

Покраината Синџијанг зазема една шестина од вкупната државна територија на Кина граничи со Авганистан, Пакистан, Индија и Централната Азиска Република, а богата е со нафта, гас и јаглен. Автохтоното население Ујгурите, но во децениите населување на покраината со мнозинскиот кинески народ Хан од другите делови на Кина, денес во Синџианг, Ујгурите се помалку од половината од населението.

Постојаните тензии поради големите рестрикции на ујгурската јазична, културна и верска автономија кулминираа во јули 2009 година, кога во насилните судири меѓу Кинезите од народот Хан и етничките Ујгури во главниот град на провинцијата Уримкчи, загинаа околу 200 луѓе, претежно припадници на народот Хан. Од тогаш кинеските власти погубија десетина лица осудени за поттикнување на насилни судири, уапсени и кривично гонети се стотици други, а безбедносните мерки се заострени во целата покраина. Во април 2013 година во близина на Кашгар, пак, во меѓуетничките судири загинаа 21 лице.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски