Кина: Шеста жртва на вирусoт на птичjи грип H7N9

Од:

Вирусот на птичји грип H7N9 ја однесе шестата жртва во Кина – во источниот дел од земјата, каде властите продолжуваат да ја уништуваат живината во одредени реони.

Починатиот е 64-годишен земјоделец од провинцијата Жеџијанг.

Во Источна Кина има 14 заразени од вирусот, а шестмина починаа.

Откако вчера беше соопштено за два смртни случаи, шангајските локални власти почнаа кампања за уништување на домашни птици во регионот.

Засега нема потврда дека вирусот H7N9 се пренесува од човек на човек.

Кина, првата држава која соопшти за новиот вид на птичји грип, меѓутоа информираше дека пациент од Шангај развил симптоми кои наликуваат на птичји грип, по контакт со заразен од таа болест.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он