Во Кина рекорден топлотен бран, се преземаат мерки за олеснување на сушата

Од:

Кина презема итни мерки за да донесе повеќе вода во сливот на реката Јангце погоден од суша, распоредувајќи средства за помош, „сеење“ на облаци и развивање нови извори на снабдување, бидејќи рекордниот топлотен бран ги оштетува посевите и влијае на добитокот.

Министерството за водни ресурси денеска соопшти дека сушата во целиот слив на реката Јангце негативно влијае на безбедноста на водата за пиење за руралното население и сточарството, како и на растот на земјоделските култури.

Повикани се регионите да направат точна проценка на ситуацијата во областите погодени од суша и да осмислат планови за одржување на снабдувањето со вода, вклучително и привремен трансфер на вода, развој на нови извори и проширување на цевководната мрежа.

За да го зголеми снабдувањето низводно, најголемата кинеска хидроцентрала,  исто така ќе го зголеми испуштањето вода за 500 милиони кубни метри во следните 10 дена. Дел од добитокот од подрачјата погодени од суша се привремено преместени во други региони, објави Министерството за финансии претходно оваа недела.

Денеска, централната кинеска провинција Хубеи стана последната што ја претстави големата програма за манипулација со временските услови, распоредувајќи авиони да испалуваат прачки од сребрен јодид во облаците за да предизвикаат дожд.

Бројот на метеоролошки станици што забележаа температура од најмалку 40 степени Целзиусови, достигна 262, што е воедно и најголема бројка.

Осум регистрираа температура од 44 степени Целзиусови.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски