Во Кина измерен најтоплиот август од 1961 година

Од:

Кина го регистрираше најтоплиот август од почетокот на евидентирање на метеоролошки податоци во 1961 година, јави денеска телевизијата ЦЦТВ.

Минатиот месец просечната температура во Кина беше 22,4 степени Целзиусови и го надминува за 1,2 степени Целзиусови претходниот историски рекорд, наведе телевизијата, повикувајќи се на Метеоролошката служба.

„Бројот на денови со силна горештина летово беше ненормално висок“, информираше Метеоролошката служба, нагласувајќи оти последиците се чувствуваат и понатаму.

Топлотните бранови не се невообичаени лете во Кина, особено на сушниот запад и на југ. Но, како што прецизираат научници, годинава метеоролошките услови се екстремни, зајакнати со климатското затоплување.

Август беше и трет најсушен месец досега забележан во Кина, со просечни врнежи помали за 23,1 отсто од вообичаено.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он