Во Казахстан повеќе од 50 медицински работници починале како последица на коронавирус или пневмонија, соопшти Министерството за здравство.
– Според нашите податоци, починале 51 наши колеги, 42 медицински работници постхумно се одликувани, изјави шефот на Комитетот за контрола на квалитет во Министерството за здравство, Тимур Султангазијев.
Претседателот на Казахстан, Касим Жомарт Токаев прогласи вонредна состојба во земјата на 15 март. Градовите Нурсулта и Алмати се ставени во карантин.
Вонредната состојба заврши на 11 мај, но мерките се задржани во некои региони.
Поради зголемувањето на бројот на заразени, властите на 5 јули одлучија да воведат голем број дополнителни рестриктивни мерки за 14 дена.
На 14 јули, казахстанската Влада ги продолжи превентивните мерки до 2 август.
Досега во Казахстан се регистрирани 65.118 заразени лица, 396 лица починале, а повеќе од 39.000 се излекувани.