Во каталонската област Сегрија во карантин ставени 200.000 лица

Од:

Поради загрижувачкото зголемување на бројот на инфицирани од коронавирусот во регионот Сегрија, во шпанската покраина Каталонија, воведено е ограничување на движењето, што е прв ваков пример во Шпанија откако на 21 јуни беше укината вонредната состојба во земјата, што беше воведна поради пандемијата со Ковид-19.

Одлуката на каталонските регионални власти за областа Сегрија, се однeсува на повеќе од 200.000 жители, меѓу кои се и жителите на градот Леида. Ограничувањето за движење стапи на сила денеска на пладне, додека влегувањето на локалното население во областа ќе му биде дозволено до 16 часот, наведуваат американските медиуми.

Според здравствените власти, бројот на новозаразени лица во областа во изминатите 24 часа се зголемил за 60 , со што вкупниот број на заболени од Ковид-19 се изнесува 4.000.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени