Вооружени напаѓачи киднапираа деветмина Авганистанци, деминери, во јужната провинција Кандахар, соопштија денеска авганистанските власти.
Деминерите се враќеле од минското поле, кога се киднапирани во областа Маиванд, изјави провинцискиот портпарол Џавид Фејсал.
Шефот на кандахарската полиција Абдул Разик истакна дека полицијата се уште нема сознанија, кој стои зад киднапирањето и оти почнала потрага по нив.
Талибанскиот портпарол негираше дека талибанците се вмешани во тоа киднапирање.
Талибанците пред два дена киднапираа осуммина Турци и по еден Русин, Авганистанец и Киргистанец, кога пред два дена нивниот хеликоптер принудно слетал поради невремето во едно село во близина на областа Азра, во провинцијата Логар, јужно од Кабул.