Во Канада за непочитување на здраствените мерки изречени парични казни во висина од 13 милиони долари

Од:

Поради непочитување на мерките за време на пандемијата со Ковид-19, Канаѓаните платиле казни во висина од 13 милиони канадски долари, а најголем број на парични казни се изречени во Квебек.

– Властите во некои канадски покраини често произвилно го спроведуваа законот со цел да помогнат во сузбивање на ширењето на Ковид-19, не потпирајќи се на препораките на јавното здравство на Канада, се наведува во извештајот на Канадското здружение за граѓански слободи.

Извршниот директор на Здружението, Мајкл Брајант истакна дека извештајот покажува дека во има „грда пандемија на казнување, преполна со расно профилирање во централна и источна Канада“.

На некој начин кризата од јавното здравје се претвори во криза на јавниот ред, посочи Брајант.

Во извештајот се наведени и поединечни примери на казнување. Така еден маж во Отава е казнет со 800 долари бидејќи го шетал кучето за време на забраната за користење на јавните парови. Додека друг човек, кој шетал со ќерката завршил со модринки и платил казна поголема од 2.000 долари.

Исто така во студијата се наведува дека полицијата издала најмалку 10.000 казни поради непочитување на правилата за однесување за време на пандемијата.

Од 1 април до 15 јуни изречени се парични казни со вкупна вредност над 13 милиони долари, а дури 77 проценти од пријавените парични казни се во Квебек, 18 отсто во Онтарио, а три проценти во Нова Шкотска.

Податоците за изречените парични казни се засноваат на јавно достапните информации од полициските извештаи, а дополнети се со повеќе од сто пријави од граѓани.

Би можело да ве интересира

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски