Во Канада убиени тројца полицајци

Од:

Тројца полицајци се убиени, а двајца повредени во вооружен инцидент кој се случил во провинција Њу Брунсвик во Канада, пренесуваат агенциите.

Локалниот полицаец Дамијен Терио изјави дека полицијата се јавила на повик, кој го добила синоќа во 19:30 часот по локало време, од северниот дел на градот Монктон.

-Се уште трагаме по човекот кој пукал-рече тој и додаде дека верува дека сторителот се уште е во Пајнхарст, дел од Монктон каде што се случил инцидентот.

Осомничен за убиството е 24-годишниот Жастин Бурк од Монктон, каде што живеат околу 69.000 лица, а кој се наоѓа на 150 километри североисточно од Сент Џон, главниот град на провинцијата Њу Брунсвик.

Полицијата преку „Твитер“ објави фотографија од осомничениот, на која тој носи воена униформа и два пиштола.

Еден градежен работник изјавил дека синоќа го видел убиецот со вперен пиштол во полициските возила, меѓутоа мислел дека се работи за полицаец, се додека не слушнал пукотница.

Според неговите зборови, жителите се вознемирени и очекуваат соопштение дека убиецот е приведен.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто