Во Канада се подготвуваат за историска легализација на канабисот

Од:

Во Канада се спроведуваат последни подготовки по повод усвојување закон за легализација на канабис, а на провинциите им е оставено до среда да утврдат правни детали за неговото спроведување.

– Со тоа, Канада ќе стане втора држава во светот што ќе легализира канабис, а нејзиното искуство одблизу ќе го следи Западот, најави либералниот премиер Џастин Трудо.

Локални медиуми јавуваат дека во одделни покраини легализацијата логистички можеби ќе создаде многу проблеми.

Канаѓаните во иднина ќе може да одгледуваат, поседуваат и конзумираат марихуана во рекреативни цели.

Пред пет години Уругвај стана прва држава во светот што легализира канабис.

Деривати како производи за конзумирање, козметика и електронски цигари што содржат канабис нема да бидат легални до 2019 година.

Се очекува тој потег на економијата да и генерира од 816 милиони до 1,1 милијарда долари во четвртиот квартал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Новиот канадски премиер одма го нападна Трамп: САД да покаже почит

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски