Во Канада над 130.000 потрошувачи останаа без електрична енергија

Од:

Над 130.000 потрошувачи останаа без електрична енергија во канадските провинции Њу Бранзвик и Нова Шкотска, поради ледените дождови што започнаа да врнат вчера, јави ТАСС.

Според податоците на компанијата за електрична енергија „Ен Би Пауер“ во Њу Бранзвик поради прекинот на далеководот без струја останале 119.000 домакинства, фирми и продавници.

Итните служби работат деноноќно за отстранување на штетата предизвикана од лошите временски услови.

Откажани се или доцнат над стотици летови од аеродромите.

Локалната полиција соопшти за раст на сообраќајните несреќи на патиштата во провинцијата.

Според податоците на националното метеоролошко биро на Канада се очекува количината на врнежите во тој регион да достигне до 80 литри на метар квадратен.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада