Во Канада бројот на заразени со Ковид-19 се зголеми за 100.000 за само две недели

Од:

Канада вчера ја надмина границата од 600.000 заразени случаи на коронавирус, две недели откако достигна половина милион инфицирани, со што ја потенцира јачината на пандемијата во земјата за време на празниците кон крајот на минатата година.

Канада вчера попладне регистрира 601.314 случаи на зараза со Ковид-19 од почетокот на пандемијата и 15.860 починати пациенти.

Онтарио, најнаселената провинција во Канада, вчера потврди 2.964 нови случаи во изминатите 24 часа, а во Квебек се регистрирани 2.869 случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд за провинцијата во која се зборува француски јазик и каде, исто така, е забележана најголема смртност како последица на вирусот. Во Онтарио регистрирани се 4.650 смртни случаи од Ковид-19 и 8.347 во Квебек.

Канада, земја со околу 38 милиони жители, не ги достигна првите 100.000 случаи на инфекција се до средината на јуни, три месеци откако го регистрира првиот случај.

Би можело да ве интересира

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски