Во Каиро отворено првото „Исламско кафуле“ во Египет

Од:

Во Каиро е отворено првото „исламско кафуле“ во Египет. Кафулето се разликува од другите вакви објекти низ египетскиот главен град, по тоа што е уредено според „исламските закони“, објаснуваат неговите сопственици. Тие велат дека кафето што се пие е сосема исто како и кафето во другите кафулиња.

Во него првпат мажите и жените пијат кафе и разговараат одделени, во различни простории. Кафулето има посена просторија само за цели семејства. Во него не се дозволува да влегуваат парови кои се уште не се венчани.

Сопствениците на кафулето објаснуваат идејата за неговото создавање е потикната од, како што велат, потребате на лугето, а посебно на оние кои сакаат да пијаат кафе во посебна „конзервативна просторија“.

Египјаните кои се противат на забрзаната исламизација на државата и на општетството го осудуваат ваквото „исламско кафуле“. Тие сметаат дека неговото појавување само уште повеќе ќе го подели египетското општество кое по политичките промени и победата на Муслиманските браќа,е поделено на исламисти и умерени муслимани.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски