Во Јужна Кореја изминатото деноноќие е регистриран еден нов случај на лица заболено од МЕРС, соопшти претставник на Министерството за здравство, додавајќи дека со тоа бројот на заразените во моментов достигна 182 лица, јави БТА.
Досега од Блискоисточниот респираторен синдром починале 31 лица.
Првиот случај во Јужна Кореја беше регистриран на 20 мај. Утврдено беше дека вирусот е пренесен од државјанин на Јужна Кореја, кој се врати од Блискиот Исток.
Јужна Кореја стана втора земја во светот, според бројот на заболени од МЕРС, по Саудиска Арабија.