Јужна Кореја објави крај на епидемијата од МЕРС

Од:

Јужнокорејанскиот премиер Хванг Кјо-ан денеска соопшти дека во државата и де факто е констатирано запирање на ширењето на смртоносниот вирус МЕРС, кој во Сеул се појави на 20 мај.

Од вирозта беа инфицирани 186 лица, а 36 од заразените починаа.

Појавата на МЕРС предизвика паника меѓу населението во Јужна Кореја, но и во регионот. По обелоденувањето на појавата на болеста беа затворени градинките и училиштата, а над 6.500 лица беа ставени во карантин.

Алармот за можно пренесување на заразата е прекинат, бидејки од 6 јули, па досега, не е забележен нов случај, а од 12 јули нема починати меѓу инфицираните.

Тоа се и правила на Светската здравствена организација, чии тимови се вклучија во акциите за спречување на ширењето на опасната болест. Болниците во Сеул од денеска работат под нормални околности.

МЕРС предизвика и големи економски проблеми во Јужна Кореја, каде што прецизната стаистика пресметала дека во јуни БДП бил помал за 0,3 посто во однос на истиот месец лани.

Беше драстично намален и бројот на странски посетители, бидејки над 750.000 резервации, претежно од Кина и Јапнија, поради стравот од заразата беа откажани.

За да се санираат економските последици, централната банка на Јужна Кореја издвои 19 милијарди долари со кои ќе се обештетуваат компаниите чиј бизнис страдаше во изминатите 69 дена.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски