Девет авиони синоќа принудно слетаа во Чиле, во Аргентина и во Перу или пак беа принудени да се вратат на аеродромите од каде полетаа поради лажни закани за поставена бомба.
Два од авионите на „Латам ерлајнс“ и три на нискобуџетската чилеанска авиокомпанија „Скај“ принудно слетаа откако беа предупредени дека е поставена бомба.
Авионите, патниците и багажот се прегледани, при што не е утврдено дека заканите биле лажни.
Генералниот директор на Управата за цивилен авиосообраќај на Чиле, Виктор Виљалобос Кољао изјави дека биле упатени вкупно 11 закани, а девет се однесувале на постоечките летови.
Полицијата и надлежните во Управата за цивилен авиосообраќај се обидуваат да утврдат од каде се испратени заканите.
Четири од деветте авиони или полетале или крајна дестинација им бил аеродромот во Сантијаго.