Во Јапонија за симбол на 2022 година е избран карактер што значи војна

Од:

Јапонија денеска избра за свој симбол за 2002 година, карактер што значи војна или битка, во годината што ја обележа руската инвазија врз Украина и атентатот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.

Во Јапонија секоја година јавноста одлучува за симболот кој најдобро ќе ја претставува годината што завршува.

Јапонците минатата година го избраа знакот на Олимписките игри за свој симбол.

Расположението на јапонската јавност годинава било помрачно, соопшти фондацијата која го организира изборот на симбол.

„Руската инвазија врз Украина, атентатот на поранешниот премиер Абе и инфлацијата предизвикаа загриженост кај многу луѓе“, соопшти фондацијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила