Во Јапонија издадено итно предупредување: Северна Кореја истрела уште една ракета

Од:

Северна Кореја штотуку лансираше уште една ракета, а властите во Јапонија се сомневаат дека станува збор за балистичка ракета.

Во меѓувреме од кабинетот на јапонскиот премиер соопштија дека е издадено итно предупредување.

Северна Кореја утринава повторно истрела неколку балистички ракети, вклучувајќи и проектил што активираше предупредувачки аларми во неколку делови од централна и северна Јапонија, соопшти претходно денеска официјален Токио.

Јапонската влада првично соопшти дека ракетата ја прелетала територијата на земјата, што подоцна беше демантирано.

Јапонскиот министер за одбрана, Јасуказу Хамада, утринава изјави дека владата ја изгубила ракетата од радарот над Јапонското Море, додека јужнокорејските власти соопштија дека интерконтиненталната балистичка ракета имала „неуспешен лет“, јави агенција Јонхап.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците