Вчера во Јапонија се регистрирани 1.540 нови случаи на коронавирусот, со што трет ден по ред има по повеќе од илјада заразени, но нема нови смртни случаи.
Како што соопшти денеска јапонското Министерство за здравство, вчера во Токио се регистрирани 472 нови случаи, што е најголемото дневно зголемување досега забележано во јапонскиот главен град.
Од почетокот на епидемијата во Јапонија се потврдени вкупно 37.401 случаи на Ковид-19, а вкупниот број на починати изнесува 1.024.