Во јагнешко кари во Лондон отриено месо од мачки и кучиња

Од:

Во говото јадење-јагнешко кари,во кое би требало да има само јагнешко месо се откриени траги и на други видови месо,тврди лондонскиот таблоид „Дејли Мирор“.

Весникот забележува дека треба да се заборават случаите со откривање коњско месо во бургерите или во готовите јадења со мелено месо,затоа што сега има навестување за нов скандал со храната.

Според „Дејли Мирор“ во популарното јагнешко со кари имало месо од мачки и од кучиња.

Оваа откритие на весникот,засега,нема потврда од британските агенции за контрола на храната.

Јагнешкото кари е едно од многуте јадења што ги приготвува прехранебната индустрија,а се нудат преку супермаркетите и трговската мрежа кои масовно се користат,затоа што може за неколку минути загревање веднаш да се консумираат.

Нема никакви коментари за тоа дали „месните додатоци“ што се откриени во ова јадење,а не се јагнешко месо, може да бидат неповолни или штетни за лугето. „Дејли Мирор“ тврди дека примероци од вака приготвени јадења со кари се пронајдени во Лондон.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот