Во израелските напади врз Либан загинаа 11 цивили, меѓу кои шест деца

Од:

Единаесет цивили, вклучително и шест деца, беа убиени во израелските напади низ јужен Либан во средата, изјавија директорот на болницата и три либански безбедносни извори.

Со овие напади Израел одговори на ракетниот напад на либанската милитантна група Хезболах во кој загина војник. Четворица борци на Хезболах се убиени во одвоени напади, соопштија од групата и безбедносни извори, објави „Тајмс оф Израел“.

Една жена и нејзините две деца беа убиени во израелски напад врз селото Ал-Савана, соопштија два безбедносни извори.

Уште четири деца, три жени и еден маж загинаа во израелскиот напад на зграда во градот Набатие, а седум лица се ранети, соопшти директорот на градската болница Хасан Вазни и уште три безбедносни извори.

Хезболах и Израел разменуваат оган долж израелско-либанската граница повеќе од четири месеци, откако либанската терористичка група почна да лансира ракети преку границата за поддршка на Хамас.

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

Командант на Хезболах е убиен во израелски напад во јужен Либан

Горан Наумовски

Израел погоди неколку цели во јужен Либан

Нетанјаху потврди: Подготвен сум да се договорам со Хамас, сега одиме на Либан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Израел ја бомбардираше Газа, тензиите растат на границата со Либан