Најмалку 10 Палестинци загинаа денеска, а 20 се ранети во израелски напад врз училиште во бегалскиот камп Шати во градот Газа, каде во моментов се наоѓаат раселените семејства.
Во училиштето Абу Аси со кое раководат ОН, спасувачките операции се во тек бидејќи може да има уште луѓе заробени под урнатините, соопштија здравствените власти, пренесе Ројтерс.
Засега нема коментари од израелските власти.