Неколку илјади Палестинци, кои издржуваат казни во израелските затвори, денеска одбија да земат храна заради смртта на затвореникот Маисара Абу Хамдија, кој издржуваше доживотна казна за заговор за бомбашки напад, пренесе ДПА.
Портпаролката на израелската служба за затвори изјави дека 4.600 затвореници одбиле да јадат.
Властите очекуваат протестот да трае три дена, посочи таа.
Маисара Абу Хамдија, кому пред два месеца му бил дијагностициран рак, починал вчера на 64-годишна возраст во израелска болница. Неговата смрт предизвика неколку мешаници во затворите, како и судири меѓу палестински активисти и израелски војници во неговиот роден град Хеброн.
Според Израел, тој бил член на Хамас.