Во изминатото деноноќие во Авганистан убиени 14 војници и 64 талибанци

Од:

Авганистанските власти соопштија дека во изминатите 24 часа, 14 авганистански војници и 64 припадници на талибанското движење биле убиени во оружени судири и експлозии во целата држава.

Министерството за одбрана соопшти за 10 убиени талибанци за време на операција во провинцијата Вардак, западно од Кабул.

Тројца војници загинале од бомби поставени покрај патишта и артилериски оган во истата провинција.

Уште осуммина војници се убиени во провинцијата Хелманд и четворица во напади во други региони.

Авганистанската армија и полиција кои презедоа операции за безбедност од силите на НАТО во оваа година, загубиле 927 свои припадници во јуни, јавуваат американски медиуми.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан