Италијанската полиција во пристанишниот град Месино заплени 730 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.
Дрогата била траспортирана со брод. Уапсени се три лица чиј идентитет не се наведува.
Марихуаната, за која постои основано сомневање дека е произведена во албанското село Лазарат, познато по големото производство на разни сорти марихуана, била спакувана во 43 пакети. Нејзина крајната дестинација бил италијанскиот нарко пазар.
Вредноста на запленетата дрога на нарко пазарот достигнува 10 милиони евра.
Завчера пак албансата полиција во приморскиот град Валона, уапсила тројца албански државјани, членови на нарко-група, кои во текот на една година прошверцуцале 1,6 тони мархуана.
Уапсени се Беџет Алија, Дритан Качани и Шпетим Шеху. Според весникот „Шекули“, при контрола од членови на оваа криминална организација запленети се 10 милиони евра.