Во Италија уапсени 37 лица поврзани со мафијата

Од:

Италијанските власти уапсија 37 лица под обвинение за поврзаност со сицилијанската мафија, а меѓу нив е и градоначалникот на Монтелепре, соопшти денеска полицијата.

Апсење поради организираниот криминал и уцени наредила Канцеларијата за борба против мафијата во Палермо во рамките на разбивање на мрежата за контрола на бизнисите во градовите околу поголемите градови на Сицилија.

Меѓу уапсените е и градоначалникот на Монтелепре, град познат по покојниот криминалец Салваторе Џулиани наречен Робин Худ.

Истражниот судија Франческо Месинео изјави дека властите во две општини биле под големо влијание на мафијата.

Италијанската полиција мминатата година заплени досега најголем имот на мафијата во вредност од вкупно 1,3 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски