Во Италија денеска се одржуваат локални избори, кои ќе траат два дена и ќе ги стават на тест политичките партии во државата, само три месеци по одржување на парламентарните избори, на кои ниту една партија не го доби потребното мнозинство.
Во центарот на вниманието е Рим, каде што според најновите анкети актуелниот десно орентиран градоначалник Џани Алемано заостанува во процентите, во однос на својот ривал Игнација Марина.
Марино е кандидат на Демократската партија на актуелниот италијански премиер Енрике Лета, додека Алемано ја застапува партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони, Народ на слободата.
Гласачките места ќе бидат отворени и утре до 14 часот.
Вториот круг на гласање ќе се одржи на 9-ти и 10-ти јуни, а мнозинството аналитичари сметаат дека Рим нема да добие нов градоначалник во првиот круг.
Елена Георгиевска