Италијанската полиција во северниот дел разбила албанско-африканска нарко банда, раководена од Албанци. Во акцијата се уапсени 55 членови албански државјани како и лица од северноафрикански држави.
Полицијата потврдила дека се запленети 26 килограми наркотични средства, од нив 23 килограми хероин, три килограми марихуна и 700 грама кокаин, 50 илјади евра, девет автомобили, моторцикли, оружје и муниција.
Ацијата била реализирана во девет градови во северниот дел на Италија. Истрагата потврдила дека таа кримнална банда шверцувала дрога на релација Турција-Албанија-Италија.