Во Италија преку морски пат за една година пристигнале над 24.000 имигранти

Од:

Над 24.000 имигранти се истовариле на бреговите на Италија во изминатата година, соопшти денеска италијанското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението, меѓутоа, се истакнува дека ситуацијата и натаму не ја достигнала критичната точка.

– Речиси 9.000 лица дошле во Италија за само 40 дена, во периодот од 1 јули до 10 август оваа година, изјави италијанскиот министер Анџелино Алфано.

Три брода на кои се наоѓале вкупно 280 имигранти од субсахарска Африка спасени се вчера во Средоземното Море меѓу Сицилија и Тунис.

Приливот на имигранти, особено на Сицилија и Калабрија на југот на Италија, се засили во изминатите недели поради поволни временски прилики.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он