Во изминатите 24 часа во Италија регистрирани се 507 смртни случаи од последици од Ковид-19, и 15.000 новозаразени луѓе.
Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата во Италија се искачи над 80.000 луѓе.
Во десет од 20 италијански региони епидемиолошката ситуација е тешка, а бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега, на национално ниво, е над критичкната точка.
Ковид пациентите заземаат повеќе од 30 отсто од вкупно расположливите болнички кревети.
Вонредната состојба во Италија е продолжена до 30 април. Италијанската Влада на синоќешната седница усвои нов пакет ковид мерки што вечерава стапуваат во сила. Останува во сила поделбата на регионите на три бои: жолта, портокалова и црвена во согласност со епидемиолошката ситуација, како и забраната за меѓуградски и меѓурегионален сообраќај, полицискиот час од 22 до пет часот на целата територија.