Италија воведе задолжителна вакцинација за Ковид-19 за сите постари од 50 години

Од:

Сакаме да ја израмниме кривата на заразените и да ги поттикнеме Италијанците кои сѐ уште не се вакцинирани да го сторат тоа. Особено ќе дејстуваме на возрасните групи кои се најмногу изложени на ризикот од хоспитализирање за да го намалиме притисокот врз болниците и да спасиме животи, изјави на седницата на владата на која е донесена одлуката, премиерот Мариод Драги, се истакнува во владиното соопштение.

Италија има 59 милиони жители, од кои 28 милиони се повозрасни од 50 години, објави Државниот завод за статистика (ISTAT).

Ковид-потврдата во моментов им е потребна на лица од одредени групи занимања, како што се здравствените и просветните работници, како и во силите на редот.

Италија вчера пријави повеќе од 189.000 нови зарази, а во вторникот над 179.000. Во средата позитивни биле 17 отсто од тестираните. Во земјата во моментов позитивни се повеќе од 1.4 милиони луѓе.

Во Италија, првата земја којашто беше тешко погодена во пандемијата на коронавирусот, од почетокот на 2020 година починале над 138.000 луѓе од ковид-19.

Би можело да ве интересира

За македонските граѓани влез во Италија со сертификат или негативен ковид-тест

Италија ја проширува употребата на „суперзелениот“ сертификат

Катерина Павлова-Николовска

Италија ги забрани новогодишните прослави поради зголемениот број на случаи на заразени со Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

Италија воведува построги анти-ковид мерки, обврската за вакцинација се проширува

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Протести во Италија поради „зелениот пасош“ за на работа

Во Италија од денеска на работа само со „зелен пасош“

Катерина Павлова-Николовска