Во Италија 56 лица се под истрага за договорени бракови

Од:

Во Италија 56 лица се под истрага за договорени бракови на италијански државјани со странци од земји кои не се членки на ЕУ со цел да добијат дозвола за престој.

Истрагата на италијанската финансиска гарда и јавниот обвинител во Ливорно, во Тоскана, опфатила 24 свадби во Ливорно и една во општината во местото Розињано Маритимо.

Секој договорен брак бил платен меѓу 6.000 и 8.000 евра, јавуваат италијанските медиуми.

Сумата што ја плаќале државјани кои не се членки на ЕУ се делела меѓу сопружниците со италијанско потекло, меѓу кои имало 15 мажи и девет жени од Ливорно, 55-годишен маж од Доминиканската Република, кој бил „агент за венчавки“ и други кои во неколку наврати соработувале во организирањето на свадбите.

На повеќето странци им била дадена дозвола за престој врз основа на овие бракови, а 15 се од Доминиканската Република, додека останатите се од Перу, Нигерија, Мароко, Тунис, Куба и Сенегал.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски