Во источна Украина отворен оган кон набљудувачите на ОБСЕ

Од:

Во источна Украина е отворен оган кон набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), при што никој не е повреден, соопшти ОБСЕ.

Инцидентот се случил меѓу градовите Кирова и Шума, околу 50 километри североисточно од Доњецк.

Тричлената патрола на набљудувачите на ОБСЕ била во придружба на украински воен персонал, кога врз нив е испукана граната од минофрлач од локација на југоисток.

Веднаш потоа припадниците на ОБСЕ се нападнати и со противвоздушна муниција. 

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ