Во источна Кина највисоко ниво на тревога поради поплави

Од:

Властите во Кина денеска го подигнаа нивото на тревога поради поплавите во источниот дел на земјата, каде тече реката Хуај, а состојбата е сериозна бидејќи по неколкудневните обилни дождови повторно се очекува силен дожд, пренесуваат странските агенции.

Илјадници километри долгата река тече низ поголемите земјоделски и индустриски центри во провинциите Хенан, Анхуеј и Џангсу, а нивото на водата на десет акумулациски езера по нејзиниот тек го надмина безбедносното ниво за дури 6,85 метри, соопшти надлежната комисија на кинеското Министерство за водни ресурси.

Дел од Кина што ја опфаќа областа од градот Чункгинг, во југозападниот дел на земјата, до Шангај, кој се наоѓа на источниот брег, е зафатен со поројни дождови веќе две недели.

epa08551604 Paramilitary policemen evacuate residents in a flooded residential area in Wanzhou in southwest China’s Chongqing Municipality, China, 16 July 2020 (issued 17 July 2020). The floodings in July have affected over 20 million people in China, causing 23 deaths or missings. EPA-EFE/ZOU MOU CHINA OUT

Неколку региони долж реката Јангце, вклучувајќи го градот Вухан и провинцијата Џангкси, каде се наоѓа најголемото слатководно езеро во Кина, прогласија највисок степен на предупредување за поплави. Властите предупредуваат дека поради истовремените поплави по должината на реките Јангце и Хуај, како и во близина на езерото Тај, може да се надминат максималните капацитети на акумулациските езера.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина