Во Иран за три месеци отруени 650 ученички

Од:

Најмалку 650 девојчиња на училишна возраст се отруени со отровен гас во Иран од крајот на ноември до денес.

Многумина веруваат дека ова е намерен обид да се затворат училиштата за девојки, пишува Би-Би-Си.

Никој од учениците не починал од труење, но десетици од нив имале проблеми со дишењето, мачнини и вртоглавици.

„Очигледно е дека некои луѓе сакаат сите училишта, особено училиштата за девојки, да бидат затворени“, рече во неделата заменик-министерот за здравство, Јунез Панахи.

Тој рече дека децата биле отруени со хемикалии од „невоено одделение“ кои биле достапни за пошироката јавност.

Сепак, тој подоцна појасни дека неговата изјава била погрешно протолкувана.

Јавниот обвинител минатата недела најави отворање на кривична истрага, но додаде дека достапните информации само укажуваат на „можност за кривично дело или дело со предумисла“.

Во меѓувреме, незадоволството во јавноста расте, а имаше и протести.

Првото труење било пријавено на 30 ноември, кога во болница биле пренесени 18 ученички од техничкото училиште Нур во Комо.

Оттогаш, повеќе од 10 училишта за девојки во таа провинција се цел на труење со гас.

Само минатата недела 194 ученички беа отруени во четири училишта во градот Боруџерд на западот од земјата. Подоцна рекоа дека мирисаат на „расипана риба“.

На почетокот на месецот најмалку 100 луѓе протестираа пред гувернерот во Ком.

„Треба да ја обезбедите безбедноста на моите деца! Имам две ќерки“, извикал еден татко, додавајќи дека може само да ги спречи да одат на училиште.

Некои родители тврдат дека нивните деца се болни неколку недели по труењето.

Би можело да ве интересира

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи издаде наредба до армијата, Иран се подготвува за војна со Израел

Горан Наумовски

Хамнеи: Се води физичка и психолошка војна против Иран и оската на отпорот

Заменик лидерот на Хезболах го напушти Либан, добил наредба од Иран итно да се евакуира

(ВИДЕО) Техеран откри кој стои зад нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху

Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“

Горан Наумовски

Иран и Хезболах му се закануваат на Израел по убиството на лидерот на Хамас

Катерина Ѓуровски