Во Иран утре се одржуваат претседателски избори, фаворит конзервативецот Раиси

Од:

Иранците утре избираат нов претседател, на избори на кои се предвидува дека ќе има забележлива воздржаност на гласачите, бидејќи се очекува победа на еден од конзервативните кандидати.

Седуммина кандидати добија право да учествуваат на 13-ти претседателски избори од револуцијата во 1979 година, од кои петмина се од редовите на ултраконзервативната и двајца од реформаторската струја во земјата.

Меѓутоа, на изборите ќе се гласа за четворица кандидати, откако тројца во меѓувреме се повлекоа од трката.

Иранскиот претседател има ограничени овластувања затоа што најголемиот дел од моќта е во рацете на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Најголем фаворит за победа е Ебрахим Раиси (60), инаку прв човек на судската власт во земјата, кој на претходните избори во 2017 година освои 38 отсто од гласовите .

Меѓу кандидатите се конзервативците, генералот Мохсен Резаи и пратеникот Амирхосеин Газизаде-Хашеми. Помалку познат кандидат од реформската струја е Абделнасер Хемати, некогаш гувернер на Централната банка.

Доколку никој не го освои потребното мнозинството, вториот круг од изборите ќе се оддржи на 25 јуни.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он